НАЈУБАВИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО СВЕТОТ

              Библиотеките се едно од најдобрите и неверојатни зданија што ги направил човекот.  Како дополненија на човечкото знаење и со нивниот квантитет  на книги што го поседуваат, тие се од непроценливо значење особено кога станува збор за учењето. Тоа се места, кои иако можеби однадвор изгледаат сосема обично, сепак нивната внатрешна уреденост и распоредот на книгите се многу поважни имајќи предвид дека токму таа внатрешност може да биде дополнителен фактор за инспирација. Можат да бидат јавни библиотеки, школски и академски. Овде луѓето можат да добијат информации од различни видови книги, обични, во електронска или аудио форма поради едукација или за личен развој.

Еве некои од најубавите библиотеки во светот:

ADMONT ABBEY LIBRARY – Адмонт, Австрија

       Оваа библиотека е изградена во 1776 г. на југоистокот од Австрија. Нејзинатаубавина е обземачка. Таа е дело на архитектот Јозеф Хубер. Се состои од седум куполи на чии тавани се прикажани фрески, кои ги означуваат различните фази на човечкото знаење. Се смета за една од најголемите библиотеки во светот.

MEDIATHEQUE SANDRO PENNA - Перуџа, Италија

        Оваа библиотека е целосно завршена во 2004 г. како дело на неколку Милански архитекти. Нејзиниот изглед е многу необичен. Имате чувство дека влегувате во некаква вонземска вселенска зграда,  чии розеви стакла светат во ноќта.

HANDELINGENKAMER - Хаг, Холандија.

        Оваа библиотека има ренесансен дизајн и вметнатата кинеска естетика. Архитектот Петерс ја внесува црвената, зелената и златната боја во ентериерот што ја прави особено привлечна. Карактеристичните спирални скали ве носат на три нивоа за избор на книги. Покривот е направен од стакло и овозможува читање  на дневна светлина.

MAFRA NACIONAL PALACE LIBRARY - Мафра, Португалија

          Сместена во склоп на прекрасен бароктен и неокласичен комплекс, оваа библиотека ја изградил кралот Џон (V). Била завршена во 1730 г. Содржи повеќе од 35.000 книги во кожен повез, некои стари и по 500 години.

SEATLE CENTRAL LIBRARY - Сиетл, Вашингтон

           Има карактеристичен, сјаен геометриски дизајн. Архитектот Рем Кулхас и неговиот тим ја формираат оваа 11 – катна зграда користејќи стакло и метал за нејзина транспарентност. Содржи околу 1.45 милиони томови книги и повеќе од 400 компјутери за јавна употреба. Отворена е 2004 г

BIBLIOTHECA ALEXANDRINA – Александрија, Египет

          Оваа библиотека има 11 катови и содржи 8 милиони книги. Покрај тоа, тука се наоѓаат и 4 музеи, 4 уметнички галерии и едена планетариум. Сивите гранитни ѕидови се изгравирани со 120 различни текстови, додека покривот е стаклен и насочен кон океанот.

OLD LIBRARY, TRINITY COLLEGE LIBRARY DUBLIN – Даблин, Ирска

            Ова место ги содржи книгите за Келтите кои датираат од 9 век. Нејзината „долга соба“ содржи 200.000 книги од најстарите. Изградена околу 1733 г.од ирскиот архитект Томас Бург. Внатрешноста е од резбарено , црно дрво и е исполнета со бисти од писатели, филозофи и други нејзини поддржувачи.