Интересни факти од животот на познатите писатели

 

Претпоставувам дека многумина од вас воопшто не ги знаеле овие факти од животот на славните светски автори, па еве една можност да дознаете кои се тие.

 

  • Авторката на ширум светот познатите мистерии, Агата Кристи, била запрашана од каде наоѓа инспирација за нејзините интересни заплети во книгите. Таа едноставно рекла дека инспирацијата ѝ доаѓа додека јаде мноштво јаболки, додека се капе во топла када во бањата.
  • Ренесансниот автор Петрарка го познавал поетот Џовани Бокачо уште од 1361 г., но тој никогаш не го прочитал делото „Декамерон“ со кое Бокачо се прославил,  се’ до 1374 г. , поточно кратко време пред неговата смрт. Меѓу другото Петрарка му признал на Џовани дека тој никогаш не ја прочитал „ Божествената комедија “ на Данте Алигиери.
  • Кога англискиот романтичар Вилијам Блејк имал само четири години, тврдел дека го видел Бог низ прозорецот. Исто така и во остатокот од неговиот живот, тој често комуницирал со ангели, а неговите визии ги внесувал во неговата уметност.
  • Францускиот автор  Емил Зола умрел во 1902 г.од труење со јаглероден моноксид како резултат на запушен оџак. Но, се уште се дебатира дали неговата смрт била случајна или луѓето кои не го сакале неговото поддржување на Алред Драјфус, го убиле.
  • Кучето на  Џон Штајнберг го изело првиот ракопис од неговото познато дело „Глувци и луѓе“. За среќа, Штајнберг имал напишано само половина од делото кога тоа се случило. Наводно потоа, Штајнберг му кажал на некој негов пријател дека тоа можеби и било некој знак дека романот барал сериозна ревизија.
  • Едгар Алан По, за неговата позната поема „Гавранот“ на почетокот размислувал да користи був за зборчето „никогаш повеќе“. Постојат и писма кои велат дека во опција влегувал и папагал. Но, за среќа на американската литература, тој се решилза гавран зошто сметал дека неговиот глас е повпечатлив.
  • Александар Солженицин, авторот на книгата „Архипелагот гулаг“ поминал 20 г. во Вермонт откако во 1974 г. бил избркан од СССР. За сето тоа време , тој не научил да зборува англиски јазик. Чудно, бидејќи Солженицин знаел како да чита англиски уште од тинејџерски години.
  • Чилеанскиот поет Пабло Неруда секогаш пишувал со зелено мастило. Според него, зеланата е боја на надежта и богатството, што наводно му помагало во неговиот творечки и креативен процес. Неговите деца, керќата Пам и синот Петер во 2010 г.ја издаваат книгата „Сонувач“ за детството на нивниот татко токму во зелено мастило.
  • Контроверзниот американски автор Чарлс Буковски дефинитивно ги сакал мачките. Тој , всушност и напишал цела една книга посветена на нив. Во еден дел од книгата вели, дека доволно му било само еден поглед упатен кон мачка и тој веќе си ја повраќал храброста
  • Иако италијанскиот автор Итало Калвино е високо ценет и пофален за неговите романи, сепак неговите родители ги потиснувале неговите студии по литература за сметка на студиите по наука. Имено, двата негови родители биле професори по наука. Неговиот татко бил ценет ботаничар кој успеал за прв пат да одгледа од растението авокадо во Италија.
  • Американскиор автор Кормак Мек Карти признал дека го испратил неговиот прв ракопис на издавачката куќа Random House, само затоа што не знаел за ниедна друга. Зачудувачки , но Кормак Мек Карти ги продал сите свои романи од 1960 г. наваму сосема сам, т.е без помош на ниту еден книжевен агент.