Писатели кои добиле Нобелова награда за книжевност

 

               За прв пат во историјата на светот, во 1901 година Шведската академија доделува Нобелова награда за книжевност. Оваа награда е идеа на познатиот индустријалец и пронаоѓач на динамитот, Алфред Нобел, кој во својот тестамент оставен 1895 г. нагласил дека 94% од својот имот ги остава на Шведско – Норвешкиот клуб во Париз да се искористат за серија награди, за оние кои даваат „најголем допринос на човештвото“ и тоа во областа на физиката, хемијата, мирот, физиологијата, медицината и книжевноста. Формирани се неколку институции кои ги доделуваат наградите, а онаа за книжевност ја добива „ најистакнатото дело во идеален правец/насока“ и  ја доделува Кралската шведска академија. Наградата се доделува секоја година во месец октомври. Добитникот на Нобеловата награда за книжевност добива златен медал, диплома со изјава и парична награда.

Во последниве години, Шведската академија е изложена на се’ поголеми критики поради својот избор на добитник. Според некои критичари, многу влијателни автори не добиле, ниту биле номинирани за Нобел, а други пак велат дека некои добитници воопшто не ја заслужиле наградата.

          Да се потсетиме кои се последните десет добитници на оваа награда:

  • Херта Милер, Германија – 2009 г.  „ за нејзината песничка концентрација и прозна свежина“
  • Марио Варгас Лјоса, Перу – 2010 г. „ поради неговата картографија на структурата на моќта и продорните слики на отпорот, побуната и поразот на индивидуата“
  • Томас Трантромер, Шведска – 2011 г. „ бидејќи низ своите кондензирани, прозрачни слики дава свеж поглед во реалноста“
  • Мо Јен, Кина – 2012 г. „ кој ги спојува народните приказни, историјата и современоста со магиски реализам“
  • Алис Манро, Канада – 2013 г. „ мајсторка на современата краток расказ“
  • Жан Патрик Модиано, Франција – 2014 г. „ за уметноста на сеќавањето со кој ги евоцирал најнедофатливите човечки судбини и го открил животот – светот на овој повик“
  • Светлана Алексијевич, Белорусија – 2015 г. „ поради нејзиното полифоно пишување, кое е споменик на страдањето на храброста во нашето време“
  • Боб Дилан, Сад – 2016 г. „ поради создавањето на нови поетски изрази во контескст на големата американска поетска традиција“
  • Казуо Ишигуро, Јапонија, Обединетото Кралство– 2017 г. „ кој во романите со голема емоционална сила, открил понор под нашето илузорно чувство на поврзаност со светот“
  • Олга токарчук, Полска – 2018 г. „ за раскажувачката фантазија, која со енциклопедиска страст претставува премин на границите како облик на живот“
  • Петер Хандке, Австрија – 2019 г. „ за влијателниот опус кој со лингвистичка ингениозност ја истражувал периферијата и специфичноста на човечкото искуство“.

 

Покрај овие награди, постојат уште неколку кои се доделуваат во областа на литературата и книжевноста. Тоа се : Пулицеровата награда за проза формирана 1917 г., Букеровата награда – формирана 1835 г во Англија, а во 1992 г. е востановена и руска варијанта на оваа награда Booker – Open Russia Literary Prize. Исто така во 2005 г. е формирана и Man Booker International Prize, потоа Гонкуровата награда – 1903 г, како и Хуго наградата формирана 1953 г. и Оранж наградата формирана 1996 г.