Книгите и нивните жанрови

 

     Сите оние кои се љубители на книгите и читањето, знаат какво богатство тие кријат во себе и каква храна претставуваат за умот и душата. Постојат различни видови книги обични, електронски, аудио итн., но постојат и различни жанрови на кои тие припаѓаат. Жанровите се начини на категоризација на книгите, за да можат читателите полесно да ги најдат. Луѓето имаат различни вкусови и интереси, па така некои сакаат романси и хумор, а други би сакале напнатост и трилери. Ако сте љубител на книгите веројатно  знаете за поголемиот број жанрови.

  Главната поделба на книгите е на два типа: 1. Фикција (фантастика) и 2. Фактички (со факти)

Книгите од типот фикција содржат измислена приказна – приказна која во реалниот живот всушност не се случила. Овие книги доаѓаат од имагинацијата на авторот и не се базираат на факти. За разлика од овие, книгите од вториот тип се книги базирани на факти како и информации кои можат да се потврдат како вистински. Исто така, понекогаш може да се наиде и на книги кои припаѓаат и на едниот и на другиот тип, т.е во категорија наречена полу-фикција, бидејќи овие книги се измислени од авторот, но содржат и некоја фактичка информација во себе.

Овие два типа на книги, понатаму се делат на повеќе поттипови наречени жанрови:

1. Фикција: класици, хумор и графички романи, епска фантастика, историска фантастика, романса, хорор, детективски и мистерија, фантастика, акција, авантура, научна фантастика,.

2. Фактички: биографии и  автобиографии, мемоари, есеи, поезија, уметност, музика, религија, историја, филозофија, митологија, наука, социјална наука, психологија, книги за самопомош, здрав живот.