Паднатите ангели , роман наТара Хајланд

 

     „Паднатите ангели“ претставува прекрасна емотивна приказна која опфаќа период од неколку генерации. Тоа е семејна сага која едноставно ќе ве обземе. Френсис т.е Френи расне на мала селска фарма во Ирска , но сонува да стане филмска ѕвезда. Смета дека заслужува многу повеќе од тоа да за омажи за некој локален фармер и да одгледа куп деца. Еден ден, татко ѝ најмува момче кое треба да им помага околу фармата, а Френи се заљубува во него. Но, штом останува бремена работите се комплицираат. Тој бега, а таа не сака да остане на фармата, па така среде ноќ заминува и веќе не погледнува наназад.

Патот ја носи во Лондон, каде се спријателува со Ени. Ќерката на Френи, по име Кара се дружи со децата на Ени посебно со Дани бидејќи со блиски по возраст. Набргу Френи добива можност да замине за Холивуд и да го оствари својот сон, но не може со себе да ја земе својата ќерка. Така, таа ја бара својата мајка, која не ја видела со години да ја причува Кара додека таа се снајде. Разочарана Кара заминува кај баба си со надеж дека мајка ѝ набргу ќе ја земе. Френи успева и станува позната, но се уште не ја зела ќерка си. Кога ќе го запознае и ќе се омажи за милионерот Максимилијан Станхоп, мисли дека сега е можност да ја земе Кара со неа, но не знае како тоа да му го каже затоа што тој воопшто и незнаел дека Френсис има ќерка.

Во меѓувреме Кара расте на фармата , но никој не знае за неа. Не сака да живее со баба ѝ и се надева дека еден ден мајка ѝ ќе дојде по неа. Но, Френсис само ветува, а не доаѓа. Кога баба ѝ ќе почине, Кара завршува во сиропиталиште каде животот ѝ станува уште полош, па таа успева да избега и да се врати во Лондон кај Ени и Дени.Кара станува длабоко потресена кога ќе слушне за трагедијата на нејзината мајка. Како минува времето, решава да истражи што се случило со нејзината мајка и зошто таа ја оставила. Тоа патување ќе и ги открие на Кара сите закопани тајни, заплеткани интриги, лаги и измами, за на крајот да ја сознае приказната за вистинската љубов.