Вистински споменици и обележја  создадени според ликови и места од книгите

 

     Навистина е интересен фактот дека голем број читатели толку се внесуваат во книгите и  се соживуваат со нивните ликови и карактери што многу често сакаат да ги посетат местата каде се случувало дејствието па макар тоа да било измислено. Нарнија. Хогвардс. Вондерленд.Неверленд. Всушност, желбата да се видат тие фантастични локалитети е толку силна што многу луѓе ги посетуваат местата каде се снима филм според истоимената книга само поради чувството дека се таму. На пр. местото  Хек, на Нов Зеланд изгради значаен достиг во развојот на туристичката индустија само поради филимовите „Хобитот“ и „Господарот на прстените“. Но, читателите не мора да се држат до митологијата за да најдат навистина „cool“ измислени места да ги посетат. Постојат и голем број на вистински места кои се прикажани во книгите чија содржина е имагинација на авторот со цел „ фановите“ да си направат фотографија и да уживаат во локалитетот кој бил дел од дејствието во книгата.

Еве некои од тие локалитети:

Reichenbach Falls, според книгата „Финален проблем“ на Артур Конан Дојл. Ова е местото на неизвесната средба на Шерлок Холмс со злобниот Др.Мориати. Овие водопади се наоѓаат во Швајцарија и ако планирате да ги посетите, сторете го тоа летно време, бидејќи патеката за прошетка овде, зимно време е затворена.

Platform 9 3/4 , според Хари Потер книгите. Многу од локациите кои сакаме да ги посетиме според книгите на Ј.К.Роулинг, од Хари Потер серијалот, за жал се целосно измислени. Но, во Лондон, на King`s Cross station подигнат е споменик за познатата Платформа 9 ¾, секако понастрана, бидејќи на местото помеѓу платформите 9 и 10 секогаш имало прекумерена гужва.

Dablin ,според книгата „Улис“ на  Џејмс Џојс. Градот Даблин имал значајна животна улога во познатата фикција на Џ.Џојс така што биле формирани пешачки тури и водачи со веб-сајт за поминување на истата патека по која оделе Леополд Блум и другите ликови кои патувале од едниот до другиот крај на градот.

Alameda Post Office , според книгата „Пошта“ на Чарлс Буковски. Во оваа зграда била поштата во која работел Ч.Буковски. Тој во неа работел со години, се’ додека еден ден човек по име Џон Мартин основа негова сопствена печатница и му нуди на Чарлс да даде отказ од поштата и за 100$ месечно да работи односно да пишува цело време. Чарлс дава откази и веднаш ја напишал неговата позната книга „Пошта“.


                                                                                                                                                 Извор:Bookriot.com