8 крајно интересни книги кои не ќе можете да ги оставите додека ги читате

 

Да го задржиш вниманието на читателот и во напнатост и неизвесност и во исто време да раскажуваш значајна приказна е вистинска уметност која многу автори, за жал не ја имаат целосно совладано. Но, постојат книги кои иако се релативно мали по обем, ќе го задржат вашето внимание уште од првите страници па се’ до самиот крај. Еве осум книги, за кои сметаме дека ќе ги читате цела ноќ, (а потоа и цел ден) со преголеми емоции оставајќи ве да уживате во прекрасното чувство што се јавува потоа, откако ќе ги прочитате.

  • Flowers for Algernon - Daniel Keyes . Ако сакате пријатно и провокативно четиво, земете ја оваа кратка приказна. Во неа тој ќе ви покаже како личност од служител во една пекарница, со интелегенција помала од 60, станува генијалец и најинтелегентна личност на планетата. Во ситуација како оваа, можно е да ги надминете вашите стравови и да се справите со вашата осаменост. Даниел К. го нуди неговиот одговор на ова прашање. 



  • Orphans of the sky Robert A.Heinlein. Огромен генерациски брод патува без никаков водач низ длабочините на вселената. Неговите жители одамна го заборавиле надворешниот свет и западнале во пред-технолошка култура обележана со суеверие. Токму оваа книга го направи Роберт Х. Познати ќе ве „зафати“ толку цврсто што долго време потоа ќе мислите на неа. Дали сме ние, дигиталната генерација, толку поразлични од патниците на тој далечен, имагинарен вселенски брод?



  • 99 pounds of hopeAnna Gavalda. Ова мала поетска парабола зборува за главните нешта во животот: изборите што ги правиме, моќта на љубовта и посветеноста. За семејството. Приказна за едно 13 годишно момче кое ја собира сета своја сила и храброст, превејќи чекор кон зрелоста и докажувајќи уште еднаш дека соништата можат да станат јаве. Покрај се, без разлика колку пари имаме, сите ние се обидуваме да не ја изгубиме надежта.



  • Neverwhere Neil Gaiman. Замислете дека под улиците на вашиот град постои свет за кои многу луѓе воопшто не знаат. Таму живеат чудовишта и светци, зборот поседува вистинска моќ, опасноста демне на секој агол, секогаш е темно и мириса некако смешно...А, ти едноставно не можеш да го оттргнеш погледот. Нил Гејман ја отвора вратата на тој свет.Осмели се да одиш долу и да се задржиш на ден-два.



  • Fahrenheit 451Ray Bradbury. 451* Фаренхајт е температура на која хартијата се запалува и започнува да гори. Футуристичкиот свет каде книгите се запалени, луѓето бомбардирани со бесмислени информации, а секој неистомисленик казнет со електрошок, е ужасен. Ужасен е , бидејќи полека станува реалност. Но, се’ додека постои љубовта, убавината и потрага по вистината, се’ уште постои шанса.



  • Dead zoneStephen King. Дури и кога мислите дека Стивен Кинг не е „ваш“ автор и дека „хорор“ воопшто не е ваш жанр, толку повеќе ќе бидете заинтересирани за емоциите на ликовите и нивната внатрешна борбаи оваа книга сепак ќе го пронајде своето заслужено место во вашата библиотека. Ова не е книга за крв и сериски убијци туку цврста психолошка конфронтација на човекот со самиот себе.



  • On Chesil beachIan Mc Ewan. Ова е кратка, многу интимна и потресна приказна за младенците и одговор на прашањето „ што се случува кога луѓето не успеваат да комуницираат меѓусебе, но и да бидат слушнати“? Овој чуден проблем со кој се соочуваат некои луѓе може да се реши со едноставен разговор. Но, во еден момент неможе а, да не се запрашате: дали тие навистина се сакаат?



  • A certain smileFrancoise Sagan. Ако не уживате во трилери или научна фантастика, ако копнеете по нешто лирично, бавно и нежно, тогаш оваа прекрасна мала книга од Франсоа Саган е како создадена за вас. Таа е пријатен исклучок од традиционалните книги со романса. Вистински бисер што не се пропушта.


 Сите овие книги можете да ги најдете на Amazon.                                                       Извор: Brightside.me