Библиотеки, студија и соби за пишување на познатите автори

 

        Посетата на историските домови во кои твореле познатите лица во светот преставува вистинско уживање имајќи предвид дека тоа е местото каде тие живееле и сакале, каде чекореле нервозно, пролевале солзи и прославувале достигнувања. Тоа ве прави да се чувствувате дека сте поврзани со минатото и со човековата лична историја на начин кој ве фасцинира и инспирира. Еве, некои од нив:

  • Работната соба на Ријард Киплинг
  • Работната соба на Вилијам Ф. Бакли
  • Библиотеката и работната соба на Вилјам Рандолф Харст
  • Колибата за пишување на Роал Дал
  • Работната соба на Сер Артур Конан Дојл
  • Работната соба на Шерлок Холмс

 

Кога Киплинг за првпат ја видел оваа куќа, бил веднаш фасциниран од неа и по прошетката низ собите знаел дека ова ќе биде местото каде тој ќе твори и навистина не згрешил што ја одбрал, зошто токму тука настанала неговата позната поема „Ако“.


Ако сте го барале Вилијам Ф. Бакли за време на неговиот живот, прво место на кое сте можеле да го најдете било во неговата работна соба која ја направил преуредувајќи ја својата гаражата. Тука тој бил опкружен со меморандуми, книги и слики од кои некои ги направил сосема сам, пишувајќи ги своите колумни и романи. Токму овде тој бил пронајден починат во 2008 година.


Библиотеката: Вилијам Р.Х. бил толку плоден колекционер на уметност, книги и старини што неговиот замок бил изграден со цел да ги собере сите нешта што ги поседува и кои стоеле по магацини. Сите негови книги се’ уште не може да ги собере во двете негови библиотеки, така што некои од нив се сместени на чудни места, како на пример во неговата собата за кино проекција.


Замокот: Изграден во Сан Симеон во Калифорнија, Харстовиот замок како што е денес познат има 56 спални соби, 19 дневни соби, 127 акри градини, базен, кино сала, тениско игралиште, аеродром и најголемата приватна ЗОО градина на светот. Харст живеел на третиот кат од замокот во тн. Готски апартман. Библиотеката на овој кат содржела повеќе од 4000 книги заедно со 150 вазни од античка Грција. Од ова место Харст ја контролирал неговата медиска империја и оддржувал состаноци.


Кога Роал Дал се преселил во Бакингампшир во 1965 година, тој за себе си изградил мала колиба за пишување. Неговото семејство ја зачувало автентичноста на колибата по неговата смрт иако таа изгледала прилично „бедно“. Никој не смеел освен тој да влезе во колибата, ниту пак да ја чисти. Мирисала на цигари, а подот бил покриен со пепел од цигари и остатоци од острењето на моливите. Но, осаменоста во колибата ја инспирирала неговата креативност. Сите негови детски книги се напишани меѓу тие ѕидови.


Артур К. Дојл живеел во Виндлшам, Источен Сасекс цели 23 години. Кога починал во 1930 година, неговата желба била да биде закопан во градината веднаш до неговата пишувачка колиба што ја изградил на неговиот имот. Но, за време на животот тој преферирал во работната соба на првиот кат од неговиот дом. Овде напишал неколку од неговите познати дела за Шерлок Холмс, вклучувајќи го и делото „Отровниот појас“ во кое тој го опишува погледот од неговата соба до далечниот Ротерфилд.

Иако Шерлок Холмс е измислен лик од делата на Артур, тоа не ги спречило луѓето да креираат негова соба според описите на Артур. Еве како таа изгледа во „Шерлок Холмс“ музејот на улица Бејкер бр.221 б


А како во паб во Вестминстер.


И двете изгледаат прилично добро.