При пишувањето на книгите, во голем број случаи постојат интересни факти  за тоа која била инспирацијата да се напише книгата или од „кого“ е позајмен главниот лик и сл. Еве некои интересни факти кои ќе го задржат вашето внимание.

 

  • Оригиналното име на романот „Фаренхајт 451“ , бил  „ Пожарникар “ ( The fireman ). Реј Бредбери и неговите издавачи мислеле дека името „ Пожарникар “ е премногу досаден наслов, па се јавиле во локалната пожарникарна станица и прашале на која температура гори хартијата. Пожарникарите ги оставиле да чекаат додека тие ја проверувале температурата палејќи цела една книга. Останатото, велат е историја.


                                                          
  • Ликот во научно – научно фантастичната трилогија на C.S.Luis бил напишан по угледот на неговиот пријател и колега Џ.Р.Толкин.
  • Оригиналниот текст за делото „ За глувците и луѓето“ на познатиот писател Џон Штајберг го изел неговото куче. Кучето Тоби една вечер останало сосема само и многу ефикасно ја изел важната домашна задача на Штајнберг. Џон за ова му пишал на неговиот агент велејќи му:  „ Бев прилично бесен, но кутриот веројатно изигрувал критичар “.
  • Ернест Хемингвеј ја мразел насловната страна на делото „ Големиот Гетсби “ од Скот Фицџералд. Иако сега оваа корица е култна, тогаш, во тоа време на Е.Хемингвеј воопшто не му се допаѓала. А, Фицџералд го убедувал дека се* ќе му биде јасно штом почне да ја чита книгата.
  • Групата U2 името на една своја песна го позајмила од едно поглавје од книгата „ Господар на мувите “, поточно седмото поглавје од „ Господар на мувите “ се вика „ Сенки и високи дрвја “, а песната со истиот наслов се наоѓа на нивниот деби албум „Boy“.