Кои се и што всушност претставуваат книгите за плажа ?

 

  Постојат неколку имиња за тн. „ книги за плажа “ : на.пр. книги за летување, за одмор, летно четиво и слично , но не постојат јасни критериуми која книга би ја ставиле во таа категорија. Се смета дека ова име за прв пат се појавило во издаваштвото, летото 1990 година, меѓутоа популарно меѓу книжевните новинари станало неколку години подоцна. На почетокот, „ книга за плажа “ подразбирало роман во мек повез, т.е издание кое можете и да го намокрите, или да го извалкате со песок и воглавно тоа било лесно четиво. За некои, се подразбирало исклучиво љубовни романи што довело до создавање на нов подвид книги чие дејствие се случува на море и чии теми се исклучиво летни. Среќните краеви се скоро сигурно загарантирани, било да станува збор за љубовен роман, љубовна драма или полесен крими роман.



Откако овој термин се појавил, тн. „ летни книги “биле наслови од различни жанрови кои ги препорачувале авторите или самите читатели едни на други, па така на листата на препорачани автори се нашле и Достоевски, биографијата на Бертранд Расел како и романите на даниела Стил.

Од друга страна, книгите кои се сместени во тн. „ книги за плажа “ најчесто се нудат на жените и визуелно се попримамливи за женската читателска публика. Не е тајна дека книгите на женските и машките свтори различно се рекламираат. „ Книгите за плажа “ и „ Четивата за аеродром “ се две различни имиња за суштински ист тип на книги кои желно ќе ги читате на места каде вашата концентрација не е нужно најјака во моментот. Романите на Софи Кинсела се препорачуваат на жените и имаат корици со нежни, пастелни бои, додека трилерите на Џејмс Патерсон се препорачуваат на мажите и кориците на неговите книги воглавно се со темни бои, наспроти фактот дека статистички гледано, најголемиот дел од читателската публика на неговите книги е од женски пол. Можеби книгите за плажа својата популарност ја должат на фактот дека бројните списоци на нови наслови не наведуваат да копнееме по одмор, кога луѓето имаат најмногу време за читање. Денешните листи на препорачани книги за лето ги опфаќаат сите жанрови подеднакво, подразбирајќи изданија и во мек и во тврд повез, како и се популарните електронски книги кои баш и не се толку практични за плажа. Па сепак, се додека се одржува културата на читање, видот на изданието и не е толку битно.



                                                                                                                           Извор:https://broadly.vice.com

                                                                                                                            Автор:Илана Масад