Читачките навики ширум светот

 

Читањето книги, како и навиката за читање на истите се различни во различни краишта на светот. Правени се многу анализи и истражувања на оваа тема, а во следнава мултинационална студија за читачките навики учествувале преку 22 000корисници на интернет од вкупно 17 земји.

Уцесниците биле прашани колку често читале книги. Можеле да изберат од следниве опции:

  • Секој ден или скоро секој ден
  • Барем еднаш во неделата
  • Еднаш во месецот
  • Ретко
  • Никогаш


Ова се добиените резултати:

  • 60 проценти од популацијата чита онлајн секој ден или барем еднаш неделно
  • Кина има најголем процент на луѓе кои читаат секојдневно (36%)
  • Шпанија и Велика Британија се втори на листата по Кина со 32% на луѓе кои велат дека читаат секој ден
  • Холандија и Јужна Кореја се изедначени во висок процент на оние кои велат дека никогаш не читаат книги
  • Домаќинствата со повисоки примања читаат повеќе од оние со пониски примања
  • 32% од жените испитаници тврделе дека читаат книги секој ден или скоро секој ден; додека 27% од мажите испитаници го тврделе истото
  • Разликата во половите помеѓу оние кои читаат секојдневно е најголема во Холандија ( 30% жени наспроти 14% мажи ), Шпанија ( 40% жени наспроти 25% мажи ), Канада ( 36% жени наспроти 23% мажи ) и Германија (31% жени наспроти 19% мажи ).

Во истражувањето учествувале испитаници од следниве земји: Аргентина, Австралија, Бразил, канада, Кина, Германија, Италија, Јапонија, Мексико, Холандија, Русија, Јужна Кореја, шпанија, велика Британија и Сад.

Aвтор:Val Skelton

Извор: infotoday.eu