10 градови кои секој љубител на книги би требало да ги посети

Препораки од една американска авторка

Дали имате животна желба да ги спакувате вачите куфери и да тргнете на пат околу светот? Некои луѓе не ги „држи“ место и едвај чекаат да се качат на воз, автобус или авион и да исчезнат на некое време. Еден од најдобрите совети кои можам да ви ги дадам е да патувате вон сезона. Никогач не се знае каква понуда можете да најдете, а можеби тоа ќе биде за некој од следниве градови.

Јас сум писател и обожувам да читам , така што секој пат кога посетувам некој град ги барам следниве четири нешта: книжарници, кафулиња, библиотеки и се обидувам да дознаам дали некој писател живеел или умрел во близина. За време на едно такво патување во Ки Вест наидов на една од Хемигвеевите куќи која сега е музеј и дом за мачки кои сега имаат полидактилија.

Ако сте книгољубец која ја бара својата следна дестинација за одмор, тогач оваа листа е идеална за вас. Од Даблинските улици поплочени со книжевна историја преку неверојатните европски библиотекидо грдот кој ги инспирирал феноменалните дела на Габриел Гарсија Маркез – за секого по нешто!

  • Њујорк, Њујорк
  • Суан Хуан – стра град, Порторико
  • Копенхаген, Данска
  • Картахена, Колумбија
  • Њу Орлеан , Луизијана
  • Париз, Франција
  • Единбург, Шкотска

Њујорк е повеќе од град .Тој е состојба на умот. Посетете ги книжарниците „Books of wonder“,

„McNally Jackson“ и „>span class="">“ или пронајдете некој нискобуџетен бар кој во вас ќе пробуди чувство дека сте лик од романот кој само што пристигнал во градот. Постојат многу места кои „мирисаат“ на книжевност во оваа бетонска џунгла во која се остваруваат вашите соништа.

Овој остров е мал но моќен и промовира некои од најценетите светски писатели како што се Есмералда Сантјаго и Мигел Пињер, основач на светски познатото кафуле „ Nuyorican Poets Cafe“. Задолжително посетете го кафулето „The poet’s Passage“, кој го чува мала чивава по име Фредерико Гарсија Лорка.

За љубителите на бајките Копенхаген ви нуди единствена прилика да ја посетите куќата и музејот на Ханс Кристијан Андерсен и да ја видите скулптурата на Малата сирена. Љубителите на книгата би требало да ја посетат и Кралската библиотека која го добила името Црниот дијамант.

За најверните фанови на Габриел Гарсија Маркез, авторот на светските бестселери „Сто години самотија“ и „ Љубов во време на колера“. Овој град инспирирал многу негови дела и овде пребегнал кога почнале немирите во Богота. Пепелот на Маркез е преместен од неговиот дом во Мексико, во универзитетот во Картахена.

Ен Рајс, Џенифер Арментраут, Елис Арден се само некои од авторите кои своите романи ги сместиле во овој град на забава.Њу Орлеанс врие од приказни за духови и чудни звуци кои одзвонуваат длабоко во ноќта. Испијте пијалак во Француската четврт, придружете се на групата туристи и прочетајте се до хотелот Монтелеоне, во кој се родил Труман Капоте, барем како што тој тврдел.

Париз, како и Њујорк има многу да понуди на книгоњупците. Прочитајте омилен роман во декадентно кафуле или направете пикник под Ајфеловата кула и наздравете со чаша шампањ. И не заборавајте да ја посетите најстарата јавна библотека, Мазареновата библиотека како и куќата на Виктор Иго.

Што прво да се види? „The Elephant house“ и „Spoon“ се два ресторани кои тврдат дека Џ.К.Роулинг често доаѓа кај нив да пишува. Појдете до Шкотскиот проповедачки центар и до Шкотската библиотека на поезијата, прошетајте со туристички водич по ходниците и слушнете ги информациите за 500 години старата историја на книгите.

 Автор: Зораида Кордова

Извор:Bustle.com