Вашата личност врз основа на начинот на кој читате

Постојат многу различни типови на читатели во зависност од начинот на кој тие читаат. Тоа можете да го приметите ако ги набљудувате луѓето додека сте во библиотека, во  книжевен клуб во училница или во книжарница. Не мораат тоа да бидат луѓе кои читаат различни жанрови – различни луѓе можат да уживаат во иста книга на сосема различни начини. Можеби читате до самиот крај не испуштајќи ја книгата додека не ја завршите со потечени очи, гладни и ненаспани, а можеби сте организирани  па читате само едно поглавје пред спиење. Не постои универзално правило како да бидете вистински љубител на книгите. Пронајдете го  типот на читател кој најдобро ве опишува и погледнете што тоа зборува за Вас.

Ноќна птица

Не дека сте планирале да останете цела ноќ да читате...но додека се свртите веќе дошло три часот наутро, а вие и понатаму ги вртите страниците. Можете со денови да не земете книга в раце, а потоа  да прочитате две за една ноќ. Секогаш тргнувате од тоа дека ќе прочитате само едно поглавје пред спиење , а потоа читате десет поглавја. Имате сличен проблем и кога почнувате да гледате некоја серија или кога си ветувате себеси дека нема да ја изедете сета кутија со грицки оддеднаш, но затоа сте одлично друштво за спонтано патување со автомобил и искрени разговори кои траат цела ноќ.

Жонглер

Зошто да читате само една книга, кога можете пет оддеднаш? Вие секогаш започнувате да читате повеќе книги истовремено и секогаш можете да го пратите дејствието кај сите книги. Способнисте да извршувате по неколку задачи истовремено, гледате да се посветите на повеќе различни групи пријатели и понекогаш имате повеќе планови отколку слободно време за нивна реализација.

Студиозен тип

За васд при читањето не е важна брзината. Вие уживате во добра книга не брзајќи да дојдете до последната страница. Можете постепено да уживате во 800 страници добра книга за време од цела една година што секако е предизвик. Внимателно бирате зборови , но кога ќе прозборите луѓето ве слушаат.

Утврдувач на градиво

Вашите омилени книги се уште не се распаднале благодарение на селотејпот што ги држи и на случајната среќа. Веројатно ги знаете напамет сите книги од серијалот за Хари Потер. Иако многу луѓе не читаат иста книга повеќе од еднаш, вие верувате дека еден роман не е прочитан додека не се прочита два пати. Сакете да гледате  и да покажувате стари фотографии и понекогаш уживате во носталгијата за книгите од детството.

Дигитален тип

Вие ги знаете различните модели на Kindle и сите други типови на електронски читачи. Сакате сите книги да ги држите на едно место, особено кога патувате. Вие никогаш не пишувате пораки ако можете да разговарате, имате соодветни слушалки за секој модел на телефони јасен став околу тоа како треба да се изговара зборот gif.

Љубител на комфорт

Се додека комплетно не се опремите со влечки, тренерки, прекривка и омилениот топол пијалак, вие не ни помислувате да отворите некоја книга да читате. Вие сакате да читате сами и во тишина. Штом влезете дома секогаш се преслекувате и се раскомотувате, вашиот кревет е најомиленото место на светот, повеќе ги сакате мачките од кучињата и на сите повици за дружење на Фб одговарате со „можеби“.

Читател во јавен превоз

Вие секој ден одите на работа со автобус, тролејбус или трамвај, па зошто да не го искористите времето на патување во читање добра книга. Вие сте стручњак целосно да ги исклучите сите звуци, случувања и мириси и да читате, а покрај сето тоа можете да држите и книга и кафе во рацете и обрачот за кој се држите, притиснати помеѓу два други патника во автобусот. Не се притеснувате ако другите гледаат што читате и максимално знаете да го искористите времето.

Рекордер

Вие едноставно ги голтате книгите. Сигурно кога сте биле мали ве опоменувале додека читате на масата или под клупа за време на часот., но благодарение на тоа сега можете да го прелетувате пасосите и страниците во рекордно време. За вас неделата е изгубена ако не сте прочитале макар една книга и без разлика на тоа колку брзо читате, списокот на книги кои сакате да ги прочитате како да станува се подолг. Најмалку еднаш ви се случило да започнете „нова“ книга, а потоа да сватите дека веќе сте ја прочитале.

Друштвен тип

Кога ќе завршите некоја книга вие би сакале да зборувате за неа. Вие морате  да зборувате за книгата и тоа најубаво со чаша вино и добри пријатели. Не ви е важно дали книгата ви се допаднала или не, вие имате ставови кои морате да ги поделите! Ако не сте веќе во некој книжевен клуб, најверојатено ќе отидете на некој онлајн форум за да продискутирате со некого. Вие сте личност која сака убаво аранжирани јадења, дебати и организирање на роденденски забави на одредена тема за Вашите пријатели и домашни миленици.

                                                                                                                     Автор: Шарлот Ахлин

                                                                                                                     Извор: Bustle.com