Необична уметност од книги оставена на значајни места ширум светот

Еден уметник по име Шахерјар Малик направил нешто невообичаено и мошне интересно, што секако наишло на огромно задоволство на љубителите на убавиот пишан збор. Имено, еден ден сакајќи да се фотографира на големиот бруклински мост и да ја постави својата селфи фотографија на интернет, се премислува и добива идеја  да му пружи на светот нешто поинакво.

Малик заклучил дека друштвените мрежи се премногу безлични  и сакал да се поврзе со луѓето на поинаков начин. Така настанал неговиот читателски потфат – почнал да остава книги на значајни места во Њујорк со едноставни напатствија, земете една книга, прочитајте ја и поделете го своето мислење со мене преку меил.

 

Photo: Daniel Yim (theguardian.com)

Така подредените книги на „куп“  исто така мжат да се сватат како уметност, но не смее да се занемари уметноста на делење и заедништво. За разлика од многуте активности кои ги делиме секојдневно на друштвените мрежи, Малик не сакал неговата замисла да се промовира на мрежите. За да проектот остане „чист“, уметникот не се ни свртувал кога ѓи редел книгите на одредено место. Единствен начин на кој сака да дознае за судбината на тие книги е преку меил.Неговата убава замисла го одвела Малик и неговите книги на пат околу светот, а последната дестинација му била Лондон. Таму за новинарите изјавил:  „Се надевам дека луето ќе ги земат книгите, ќе ги процитаат и ќе ми одговорат. Дури и ако не ми пишат, се надевам дека барем ќе ги прочитаат“.

 

Photo: Daniel Yim (theguardian.com)

Досега Малик добил пораки од различни луѓе од преку повеќе од 30 земји ширум светот и смета дека книгите се „бесмислени  и безживотни“ ако никој не ги чита, и само седат на полица и собираат прашина. Планира да продолжи со својата авантура и следната дестинација му е Бразил.

Од целиот проект најмило му е што се поврзал со луѓето од различни краеви на светот кои никогаш не би можел да ги доживее само со поставување на фотографии на инстаграм.

                                                                                                                       Извор:bbc.com  Aвтор:Sem Rigby