Неколку интересни факти за познатите книжевни дела

1. Книгата „ Вини Пу “ во 2009г. е забранета во Русија бидејќи било утврдено дека некој висок службеник имал слика на Вини Пу облечен во облека покриена со свастики. Ове е една од повеќето чудни приказни за забранети детски книги. Друг ваков случај има со книгата за доктор Зус „Green Eggs and Ham“ која била забранета во Кина во периодот од 1965г. до 1991г. бидејќи го претставувала „раниот марксизам“.

2. Уште како ученик писателот Роал Дал ги тестирал Кадбери  чоколадите. Можеби токму тоа му било инспирација понатаму да ја напише неговата позната книга за деца „ Чарли и фабриката за чоколади “.

3. Познатиот пејач Стинг својата популарна песна „ Every breath you take “ ја напишал на истата маса на која Ијан Флеминг ги пишувал книгите за Џејмс Бонд. Масата се наоѓа во Флеминговата вила на Јамајка.

4. Реј Бредбери, авторот на романот „ Фаренхајт 451 “ е потомок на една од вештиците од Салем. Тој е потомок на Мери Перкинс Бредбери која била осудена на смрт со бесење во 1692г. , но успеала да побегне пред погубувањето.

5. Писателот Д.Х.Лоренс сакал да се качува на дрвото дудинка за да ја стимулира својата фантазија. Многу писатели имале разни, чудни начини за борба против писателската блокада и недостатокот од инспирација.

6. Во романот „ Денот на скакулците “ на авторот Натаниел Вест постои лик кој се викал Хомер Симпсон. Овој лик нема никаква поврзаност со цртаната серија за Хомер Симпсон.

7. Ниту една од познатите приказни од „ 1001 ноќ “ всушност не се наоѓа во приказните од 1001 ноќ. Приказните за „ Али Баба и 40 разбојници “, „ Аладин “ и „ Синбад морепловецот “ подоцна се додадени во книгата.

8. Вирџинија Вулф и нејзините пријатели еден ден во 1910г. се облекле во костими и со лажни бради ја убедиле Кралската морнарица дека се абисински принцеви. Успеале во тоа и добиле четириесетминутна обиколка на бродот. Печатот тоа го нарекол „Drednout“ измама.

                                                                                                                       Извор:huffingtonpost.com

                                                                                                                       Автор:Oliver Tirli