Музејот во чест на познатиот автор Франц Кафка

Авторот на книгата „ Метаморфоза “ , Франц Кафка е еден од повеќето писатели кои имаат музеј изграден во нивна чест. Сместен е на западниот брег на реката В*лтава. Во близина на Карловиот мост се наоѓа плоштад  со двокрилна врата која води до еден од најнеобичните, мрачни музеи  во источна Европа. Во овој музеј, во темната виртуелна галерија се наоѓаат неговите лични предмети, но и претстави за неговите идеи. Музејот претставува една тенка линија помеѓу фактографија и фикција, реалност и фантазија. Овде всушност, може да се види како Прага влијаела на Кафка во поглед на неговото творење. Врз основа на различната болка низ која минувал во моментот, училиштата, улиците, канцелариите и др. наоѓа место во неговите приказни.



Поставката на музејот е поделена на два дела: „ Егзистенцијален простор “ и „ Измислена топографија “. Публиката може да ги доживее уметничките, интелектуалните, експерименталните дури и застрашувачки прикази од неговата работа преку 3D инсталации на неговите писма, фотографии, записи од дневници итн. Различни механички статуи ги илустрираат чудните, понекогаш апсурдни идеи на писателот, како што е фонтаната на Дејвид Черни во дворот на музејот. Изложбата ги претставува надреалните ефекти од работата на Кафка и долго останува во умот на посетителот по излегувањето од музејот.

                                                                                                             Автор: atlasobscura.com  / kafkamuseum.cz

                                                                                                             Фото: Jiri Turek/Studio J3T