Најскапите книги на светот

Многу често луѓето не ги купуваат првичните изданија од новите книги затоа што обично тие се секогаш поскапи од нивните репринти. Но, понекогаш луѓето воопшто не размислуваат за цената на книгата која сакаат да ја купат и да ја имаат во своја сопственост. налистата на најскапи книги на светот воглавно се многу стари изданија т.е текстови од голема историска важност како и дела на прославени светски писатели. Погледнете ја листата на најскапите светски изданија и уживајте во овие литературни драгоцености.

1. Кодекс Лестер - 30.8 милиони долари

Оваа книга во суштина е дневникот на Леонардо да Винчи. Во него пишува зошто месечината сјае и каде може да се пронајдат фосили како и други документирани древни откритија.Овој кодекс е продаден на аукцијата на куќата Кристи во 1994 год., а е напишан од самиот автор. Тој сега е во сопственост на Бил Гејтс, кој скенирал одредени страници и направил дигитални копии што подоцна биле користени како screen saver-и за Windows 95. Кодексот содржел 72 страници.



2.Магна Карта - 21.2 милиони долари

Ова издание, познато како Magna Karta Libertatum претставува повелба која англискиот крал Јован ја потпишал на 15 Јуни 1215 год. Тогашните федерални барони, со цел да ја ограничат кралската моќ ја составиле оваа повелба која требал да ја потпише самиот крал.Према тој договор, на црквата и е ветена заштита, бароните не можело илегално да бидат заробени, судењата биле забрзани, па од овде е развиено владеењето на уставното право.

3. Евангелието на Св.Кутберт - 14.3 милиони долари

Ова евангелие уште е познато и како Стонхерст т.е евангелие по Јован. Напишан е во вид на молитвеник од 8 век и има латинично писмо. Димензиите на страниците му се 138 на 92 мм.Од 2012 година е во сопственост на Британската библиотека и е една од најсочуваните стари книги.

4. Ротшилдовиот молитвеник - 13.4 милиони долари

Ова издание го составиле повеќе уметници и претставува важна фламанска илуминација. Сега ја краси Народната Библиотека од Австралија, а ја купил австралискиот бизнисмен Кери Стоукс на аукција од аукциската куќа Кристи.



5. Првиот збир на Шекспировите комедии, историски драми и трагедии - 6,16 милиони долари

Во 1623 год. за прв пат била објавена Шекспировата колекција на дела во 750 примероци. Денес се смета дека од сите нив преживеале едвај третина од изданијата. Во Фолжер Шекспировата библиотека во Вашингтон сега се наоѓаат 82 изданија. Најскапиот е продаден на аукција во 2001 год. Продаден е од кооснавачот на Мајкрософт Пол Ален.