Неколку интересни факти за книгите

1. Познатиот автор Џ.Р.Толкин ја истипкал познатата трилогија „ Господарот на прстените “ само со два прста.

2. Најзабрануваниот серијал на книги во Америка е серијалот за Хари Потер.

3. Универзитетската библиотека на Харвард има четири книги од областа на правото чии повез е направен од човечка кожа.

4. Во книгата на Вилијам Фокнер „ Врева и бес “ постои пасус од 600 зборови во кои нема интерпункција.

5. Една библиотека во Шведска има колекција од 217 книги направени од дрво, наречени „ дрвена библиотека “. Овие книги се направени во 19 век во Германија. Секоја книга опишува одреден вид дрво, корицата е направена од кора, мов или лишаи пронајдени во тој вид, а во внатрешноста можат да се пронајдат и други природни изненадувања.


6. Џ.М.Бари, авторот на книгата „ Петар Пан “ ги подарил своите права за книгата на Лондонската детска болница во Големата Ормондова улица за да може болницата да ја собира заработката од авторските права и да го финансира своето постоење.

7. Познатиот автор Ернест Хемингвеј преживеал антракс, маларија, воспаление на белите дробови, висок крвен притисок, скршен пршлен, фрактура на черепот, дизентерија, рак на кожата, анемија, хепатитис, дијабетес идр.болести. На крајот починал од сопствената рака убивајќи се со ловечка пушка.

8. „ Авантурите на Том Соер “ е прва книга која е напишана на машина за пишување.


9. „ Абиблиофобија “ е страв од исчезнување на материјал за читање.

10. Името Венди е измислено за книгата „ Петар Пан “. Никогаш порано тоа име не било сретнато некаде.

11. Исланѓаните читаат повеќе книги по глава на жител од било која друга држава во светот.

12. Сите ние знаеме колку е добар мирисот на старите книги, но позади сето тоа постои интересна наука. Имено, како минува времето, доаѓа до постепепено разложување на целулозата и лигнинот што се содржи во хартијата, што доведува до производство на различни органски соединенија. Мирисот на овие соединенија варира во зависност од тоа каде е печатена книгата, од кои вид мастило и хартија како и тоа колку долго книгата пропаѓала.

Извор: www.lulu.com