Најпознатите кучиња во литературата

Кучињата отсекогаш биле присутни во романите и стриповите, понекогаш во главна улога , апонекогаш како придружници на главниот лик. Почнувајќи од Леси, еден од најсаканите ликови во литературата и филмовите, па до далматинецот Понго во ! 101 далматинец “ оваа листа ќе ве потсети на оние смешни, размазени ивесели ликови кои оставиле единствен печатво книѓевноста.

1. Леси од „ Леси се враќа дома “

Иако најмногу е позната од филмот „ Леси се враќа дома “, ова куче за прв пат се појавува во 1940г. во книгата под истото име на авторот Ерик Најт. Тоа е женкаод долговлакнест шкотски овчар која минува низ разновидни авантури за да се врати на своето сакано семејство и момчето Џо. Бидејќи татко му на Џо ја губи работата , приморан е да ја продаде Леси, но таа неколкупати бега од новите сопственици и се враќа дома. дури и тогаш кога е во сопственост на еден човек кој живее во многу зафрлен дел од шкотска , таа успева да го пронајде патот и да се врати кај Џо, освојувајќи ги така срцата на многу читатели и гледачи на филмот.


2. Снешко од „ Авантурите на Тинтин “

Главниот јунак Тинтин го има кучето Снешко или Милу во оригиналната француска верзија. Белиот островлакнест фокстериер го следи Тинтин во сите негови авантури. Тој знае да зборува, го разбира човечкиот јазик и ги соопштува неговите мисли на духовит и забавен начин. Исто така има голем апетит и сака да пие виски што ја пополнува неговата улога на весело и ведро куче.

3. Понго од „ 101 далматинец “

Понго е татко на15 мали кученца, кои заедно со нивната мајка живеат во куќата на младиот брачен пар Дарли. Авантурата започнува кога во нивниот дом на вечера ќе биде поканета Круела де Вил, страсна љубителка на крзна. Малите далматинци ќе исчезнат , а нивните родители знаат дека позади киднапирањето и заточеништвото на кученцата стои никој друг туку Круела. Целиот роман е трка за спасување на кученцата вклучувајќи ја и Прердита која претходно Дарлиеви ќе ја спасат. На крајот Понго повторно е со кученцата.

4. Нана од „ Петар Пан “

Семејството Дарлинг покрај својата служавка ,го вработува и кучето Нана како дадилка за своите три деца: Венди, Џон и Мајкл. Таа е од расата њуфаундлер и не зборува човечки јазик, носе чини знае како треба да се однесува со децата и што од неа се очекува. Кога Венди, Џон и Мајкл ќе заминат со Петар Пан во земјата Недојдија , таа останува да ја теши нивната тажна мајка.

5. Тото од „ Волшебникот од Оз “

Главната јунакиња Дороти Гејл има кученце од расата териер за кое се согледало дека знае да зборува.Во првите книги Тото не зборувал за разлика од другите животни, но со тек на времето дадена му е таа улога. Дури во 8 -то продолжение Дороти сознава дека Тото може да зборува , но не сака. Авторот Френк Баум Тото го опишува како мало црно кутре со свилено влакно и мали црни очиња.

извор: theculturetrip.com