Зошто заљубените парови во Барселона си подаруваат книги едни на други?

Во градот Барселона во Шпанија има еден необичен настан кога заљубените луѓе си подаруваат книги едни на други. Имено,на 23.април секоја година улиците се исполнети со штандови со книги и црвени рози.Тоа е денот кога се слави црковниот празник Св.Ѓоргија. Овој светец кој ја убива ламјата е заштитник на 12 држави ширум светот, вклучувајќи ја и Англија и Каталонија. Се* започнало на почетокот од минатиот век, кога еден продавач на книги од Валенсија, но кој живеел во Барселона приметил дека денот кога го прославуваат Св.Ѓоргија се поклопува со роденденот и смртта на два познати литературни дејци: Вилијам Шекспир и Мигуел де Сервантес.

Свесен за оваа интересна коинциденција , почнал да ги охрабрува своите купувачи да го обележат овој ден со подарување на книга на својата сакана личност.Сето ова било добро прифатено и наскоро станало популарно иво Барселона и во другите градови и села. Обично дамите им подарувале книга на кавалерите, а за возврат тие им подарувале црвена роза. На овој начин, 23 април станал синоним за прослава на љубовта и романсата. Во Каталонија овој ден станал повеќе популарен дури и од Денот на заљубените, 14 февруари. Тогаш , и помалите и поголемите градови стануваат улични книжарници, т.е штандовите со книги и рози се наредени по должина на улиците. во Барселона, тоа се улиците La Ramble и Passeig de Grasia.Се одржуваат различни предавања и манифестации, а локалните Тв станици будно ги пратат истите.

Исто така, покрај тоа што овој ден се доживува како романтична манифестација, многу Каталонци овој ден го гледаат како нивен идентитет и културно наследство. Така, не е ништо чудно ако покрај штандовите со книги и цвеќе, се види и изведба на некој традиционален каталонски танц познат по името sardana, а можат да се видат и фасцинантните човецки кули тн.castellers.

Извор: theculturaltrip.com