Подвижна библиотека која патува по Индија

Брачниот пар Шатабди Мирша и Акшаја Камар дошле на една мошне интересена идеа како да ја зголемата писменоста во сопствената земја. Акшаја првично работел во еден водечки ланец на книжарници во Бубанешвар каде што ја запознава Шатабди. Двајцата имале огромна љубов кон читањето и сакале некако таа љубов и желба да ја пренесат и на другите луѓе. Така решаваат да го започнат проектот наречен „Индијо, читај повеќе„ и формираат тн.„Патувачки саем на книги„.Тие всушност патуваат со возило опремено со мала библиотека нудејќи им на љубителите на книги да читаат колку што тие сакаат и тоа бесплатно.

Патуваат во различни градови и села отворајќи ги своите врати секому. Во случај некој да сака да си купи книга, наместо да ја чита на лице место, тогаш купувачот добива попуст од 20%. За да им покажат на луѓето дека читањето е забавно , тие покрај учебници и класична литература нудат и многу други видови книги: бестселери , бајки, трилери, нови изданија итн. така што во своето комби имаат некаде околу 4000 книги.

Според Акшаја, за се* може да се најде простор: за ресторани, кина, трговски центри, па тогаш зошто да не се пронајде простор и за библиотеки? Тој вели дека во стамбените згради можат да се сретнат базени, клубови, но не и библиотеки. Така децата немаат можност да ги засакаат книгите, кои можат да ги научат многу повеќе отколку учебниците.

На овој начин, тие успеале да поминат преку 10 000 km минувајќи низ 30 провинции носејќи книги на англиски, одиа и хинду јазикот.меѓу книгите може да се пронајде публицистика, поезија, сликовници, проза, класици и др. Во 2015 г.тие ја завршуваат паниндиската турнеја која траела 90 дена при што поминале низ 20 држави ширум Индија.„Патувачкиот саем на книги„ сега има остварено партнерство со водечката светска издавачка куќа Penguin и Penguin on wheels за и понатаму да ја шират љубовта кон книгите. Своите книги ги изложуваат на јавни места, училишта, образовни институции и сл. Акшаја вели: „ во Индија има многу малку книжарници кои продаваат само учебници и канцелариски материјали, а некаде воопшто ги нема. Во големите градови воглавно продаваат книги без попусти. Вака, ги поттикнуваме децата да читаат и друга литература сем учрбниците. Постојат деца кои не ни виделе книги - бакји, а не па да читаат. Ова што ние го правиме им дава шанса на децата од сите општествени слоеви да го истражувват светот на книгите и тоа бесплатно„.

Извор: entrepreneur.com,  metro.co.uk