Њујорк Тајмс честопати објавува интервјуа со познати писатели. Овој пат тоа е Халед Хосеини.

Која ви е омилена книга на сите времиња?

Собраните дела под името „ Divan-e-Hafez „ или Хафизови песни. Обожуван во персискиот свет, Хафиз е најдобриот поет на сите времиња. Неговите стихови за филозофијата, мистичната љубов, храбрите изјави против власта секогаш даваат прекрасни слики и пишува со магичен ритам кој освојува. Неговите песни секогаш ме допираат со иста јачина како кога за прв пат како мал ги читав во Кабул.

Ваш идеален амбиент за читање е ...?

Единствените две места каде можам потполно да се концентрирам на читањето се во авион и во мојот кревет, пред спиење, но не читам книги во електронска верзија.

Кои се вашите омилени автори?

Хемингвеј,Дејв Егерс, Дејвид Фостер Волас, Курт Вонегарт, Алис Манро.

Се занимававте со медицина повеќе од 10 години.Како тоа искуство ви помогна во пишувањето?

За да го преживеете медицинското училиште, треба да поседувате особини како што се: дисциплина, трпение, истрајност, доброволно одрекување од сонот, способност да ги пребродите кризите на самодоверба и верба во себе,прифаќање на исцрпеноста како дел од секојдневието како и непоколеблив оптимизам дека светлото на крајот од тунелот е многу близу.Особини кои ви се потребни да станете писател: сите горенаведени.

Според вашето мислење кој писател не стекнал слава којаја заслужува?

Не би рекол дека Алис Манро не стекна слава, многу е ценета во книжевниот свет, но сметам дека читателите не ја цената доволно.

Која книга што сте ја добиле на подарок ви е најдрага?

Кога бев мал татко мѝ ми подари еден примерок од книгата „ Белиот песјак „ . Тоа беше во Кабул во седумдесеттите години.

Која книга ви оставила најсилен впечаток?

Помина многу години откако ја прочитав последен пат, но кога ја прочитав за прв пат книгата  „Плодовите на гневот„ ми остави најсилен впечаток.Мислам дека ги поистоветив маките на очајните работници на мигрантите со проблемите на луѓето во мојот Авганистан. Дури и сега кога ќе го посетам Авганистан и ги гледам семејствата како се селат, не можат да најдат работа, дом, сигурност, се потсетувам на Штајнберговото ремек дело.

Која е последната книга која не сте ја дочитале до крај бидејќи не ви се допаднала?

- „Ловец во жито„.

Кога би можеле да запознаете некој јунак од литературата, кој би бил тоа?

Доктор Mehnetn од стрипот „ Чувари„.

Која ќе биде следната книга која ќе ја читате?

"Maya`s Notebook", на авторката Изабел Аљенде.

Извор: www.nytimes.com