Агата Кристи е писателско име кое е веројатно едно од најпознатите во светот.Речиси и непостои земја во која не слушнале за нејзините славни детективски имиња, Херкул Поаро и г-ца Марпл.Родена 1890 г. во Велика Британија, авторка е на 66 детективски романи и 14 колекции на кратки приказниНејзините книги се продадени во повеќе од 2 милијарди примероци, а во животот се сретнала со многу необични настани.Еве некои од нив:

Познатото дело „ Убиство во Месопотамија “ го напишала како реакција на настанот кој се случил откако се омажила за археологот Макс Меловен кој бил асистент на познатиот археолог Леонард Вули.Сопругата на Вули не сакала Агата да доаѓа во археолошкиот камп, па сиротиот Макс морал секој ден да патува со воз до Багдад за да ја види својата сопруга.Жртвата во делото „Убиство во Месопотамија“ била жената на познат археолог која била убиена до смрт со помош на боздоган.Оваа дело Агата го посветила на семејството Вули кои никогаш повеќе не приклучиле во експедициите на Макс Меловен.Инаку, Агата го придружувала сопругот на експедициите во Сирија и Ирак, но никогаш не престанала да работи.Нивниот омилен начин на патување бил со познатиот воз Ориент Експрес, што веројатно некогаш ја поттикнало да го напише романот „ Убиство во Ориент Експрес “.

Пушењето цигари некогаш било „ во мода“, па Агата во една прилика изјавила дека иако очајно се обидувала, никогаш не ја усвоила оваа навика.Таа немала проблем со фотографирањето , но не сакала нејзина слика на кориците од книгите, веројатно да не биде препознавана во јавноста.

Бидејќи за време на војната работела како болничарка и многу добро ги познавала лековите, нејзините жртви најчесто страдаат од труење, додека ретко кога протагонистите носат оружје. Всушност и г-ца Марпл и Поаро биле пацифисти.

Херкул Поаро навистина постоел.Инспирација за овој лик Агата нашла во еден белгиец кој се симнувал од автобус и изгледал необично со своите долги,тенки мустаци. Така , неговиот измислен дублер за прв пат се нашол во „ Мистериозниот настан во Стајлс “ , а ќе опстојува во серија од 40 романи.

Мајката на Агата се противела на тоа таа да научи да чита до нејзината 8-ма година и инсистирала да се образува дома. Агата сама научила да чита а по 15-та година пратена е во училиште во Париз.

                                                                  Извор:mentafloss.com