Пишувањето претставува израз на креативна енергија во која авторот ги преточува своите мисли и чувства во запис, вистинит или измислен. Некои автори пишуваат од мали нозе, а некои својата желба и талент ја откриваат подоцна. И не постои правило за тоа, на која возраст вашето дело би постигнало успех. Можете да бидете многу млади, а можете да станете успешен писател во доцните години од вашиот живот. Еве некои примери за возраста на авторите и нивните најуспешни дела.

Мери Шели - „ Франкејштајн “, 21 година

Ернест Хемингвеј - „ Сонцето повторно се раѓа “, 27 години

Емили Бронте - „ Орканските височини “, 28 години

Ф.С.Фицџералд - „ Големиот Гетсби “ , 29 години

Џек керуак - „ На пат “, 29 години

Џ.К.Роулинг - „ Хари потер и каменот на мудроста “, 32 години

Марк Твен - „ Авантурите на Том Соер “, 41 година

Сузан Колинс - „ Игрите на гладните “, 46 години

Брем Стокер - „ Дракула “, 50 години

Владимир Набоков - „ Лолита“, 56 години

Виктор Иго - „ Клетници “, 60 години