Сите оние кои читаат книги сигурно знаат дека огромен број книги добиле своја филмска адаптација и веројатно барем една од нив ја имаат прочитано. Дискусиите за тоа што е подобро, книгата или филмот често е предмет на дискусија во литературните клубови, па овде ќе наведеме некои книги за кои се знае дека филмот е исто толку добар како и самата книга.

„Сјаење“ - Стивен Кинг, режија Стенли Кјубрик

За ова дело Стенли зел слобода во обработката на приказната, а неговите иновативни снимки долги, прекрасни и страшни, совршено го доловуваат тонот и расположението на Кинговата клаустрофобична приказна, иако сценариото не дава многу внимание на историјата на хотелот „Overlook“ , а на крајот не открива дали самиот хотел е лош или Џек Торенс е психопат на работ на пропаста.

„ Кум“ - Марио Пузо, режија Френсис Форд Копола

Иако книгата е напишана во 1968 година е интересна, сепак нема ништо од тежината и епската ширина која ја има во трите дела од истоимениот филм.

„ Лет над кукавичкото гнездо “- Кен Кејси, режија Милош Форман

Филмот за оваа книга ја надминува книгата од две причини: прво,го изоставува раскажувањето на делот „ Поглавица “, а второ, тука е извонредната глума на Џек Николсон, можеби најдобра во неговата кариера, бидејќи го доловува Патрик Мекмарфи на толку жив и духовит начин што тоа ја надминува и најбујната фантазија.

Американски психо “ Брет Истон Елис, режија Мери Херон

Силата на оваа филмска адаптација на Мери Херон лежи во нејзината спремност длабоко да навлезе во изворниот материјал, а потоа добар дел од тоа да го пренесе на филмот кој е сосема поинаков по тонот и стои како вредност сам по себе.