Сендмен

Сендмен

Автор: Лаш Кеплер

Книгата Сендмен преставува уште едно прекрасно дело од перото на овој познато скандинавско дуо кое пишува под псевдонимот Лаш Кеплер. Во овој најнов психолошки трилер ќе го запознаете Микаел Колер - Фрост, момче кое една студена зимска ноќ е пронајдено како талка по железнички мост во Стокхолм во состојба на доживеан шок и крвавејќи од раката постојано зборувајќи за својата сестра и за мистериозниот човек по име Сендмен.Но, се* би било во ред доколку не се знае дека Микаел исчезнал пред 13 години,и официјално прогласен за мртов шест години подоцна.Тој и неговата помала сестра Фелисија се сметало дека се удавени иако нивните тела никогаш не биле пронајдени. Инспекторот Јона Лина е меѓу ретките кои сметаат дека децата се жртви на озлогласениот сериски убиец во Шведска, Јурек Валтер, кој моментално е во затвор, во специјално обезбедениот психијатриски оддел.Започнува истрага за пронаоѓање на Фелисија, за која се смета дека можеби е се уште жива бидејќи е многу очигледно дека во случајов постои соучесник и треба да се проникне во садистичкиот ум на злосторникот за да се придобие неговата доверба.Но, не е се* така лесно...