Владетелот

Владетелот

Автор: Макијавели

220 ден 350 ден

Ставовите на Макијавели искажани во „Владетелот“ можеби изгледаат есктремни. Меѓутоа тој го поминал сиот свој живот во Фиренца, во време на постојани политички судири. Затоа Макијавели ја нагласува потребата од стабилност во кнежевството на владетелот, од причина што самиот опстанок е доведен во прашање. Книгата има за главна цел да му укаже на владетелот како да ја одржи власта, додека самото негово управување е од второстепено значење.

Теориите во „Владетелот“ ги опишуваат методите со кои еден амбициозен владетел би можел да дојде на власт, или пак како постоечкиот владетел да ја одржи власта. Според Макијавели, најголемото морално добро е доблесна и стабилна држава, па така постапките кои имаат за цел да ја заштитат и зачуваат државата се оправдани, дури и ако се сурови (славната мисла на Макијавели „Целта ги оправдува средствата“). Меѓутоа Макијавели решително советува дека владетелот не смее да си дозволи да биде омразен. Тој вели:

Во воведот на „Владетелот“ авторот исцртува делотворни методи за управување со неколку вида на кнежевства (на пр. новостекнати наспроти наследе

Макијавели му ги образложува на читателот, под претпоставка дека тој е член на семејството Медичи, најдобрите начини на стекнување, одржување и заштита на државата. Притоа авторот утврдува дека она што е неопходно мора да се постигне, без разлика по кој пат.