И јас ја сакам

И јас ја сакам

Автор: Мари Форс

330 ден 500 ден

Хантер, најстариот од десетте браќа и сестри Абот, се гордее со својата способност да ги решава туѓите проблеми, но што ќе направи кога „несреќата“ ќе тропне и на неговата врата?

Хантер Абот, финансиски маг од прекрасниот Вермонт, самоуверено се грижи за деловните интереси на семејната фирма, и со еднаква леснотија ги држи невидливите узди на семејната слога. Сепак, постои нешто што ни семоќниот Хантер не може да го заузда: своите чувства кон непредвидливата и тврдоглава Меган Кејн. Затоа ѝ се препушта на страста, готов да ѝ покаже на сите начини дека токму тој е вистинскиот човек за неа. Но, Меган, губејќи ги на еден или на друг начин сите што ги сакала, цврсто си ветила самата дека љубовта никогаш повеќе нема да ја измами...