Аламут

Аламут

Автор: Владимир Бартол

390 ден 600 ден

Кој сака да го разбере „успехот“ на стратегијата на водачот на Ал Каеда, треба да го прочита Бартол. Како Осама бин Ладен ја создал најсилната тупаница на неговата организација дури откако го прочитал Аламут!

Литературните дела обично ја доживуваат својата слава кога ќе излезат од печат, а потоа тонат во заборав.Аламут на Владимир Бартол е понаков, бидејќи цело време од неговото појавување во 1938 година наоѓа читатели во Иран, Шпанија, Чешка, САД, Италија, Франција, Германија...

Без оглед на изворот на евентуалната инспирација на Бин Ладен: во што е шармот на водачот на екстремистичката муслиманска секта? Бартол во форма на психолошка и филозофска литература, својот Хасан го претставува со симпатија. Старец, исламист, а пред сѐ, интелектуалец. Во неосвоивото планинско кале Аламут во XI век собира научници од сите земји. Неговата војска, имено нема да биде збирштина од војници наемници или крвожедници, туку прецизно образувани федаини. Момчиња, на кои им се забранети жените и алкохолот, вежбаат, се разбира, воени вештини. Но, Хасан во својот поредок воведува и глобализација: неговите коњаници можат да напаѓаат на турски или на арапски начин. Момчињата учат и алгебра, догматика, филозофија, арапска граматика, читање географски карти, тие го читаат Омар Хајам, самите создаваат поезијаи така се вежбаат во прецизно изразување на мислите. Научниците ги учат и социологија на гестови, кога им објаснуваат како се поздравуваат Грците, Ерменците, Евреите, Арапите, какви се нивните обичаи, како седат, пијат, наздравуваат, им ги предаваат и ги подучуваат на јазиците на соседните народи. Ги осознаваат основите на споредбената религологија, кога ги слушаат христијанските и еврејските учења и учењето на самиот Буда.