Македонска резба

Македонска резба

Автор: Димитар Ќорнаков

Во богатото уметничко наследство на Македонија, резбата зазема посебно место како значајна уметничка гранка со вековна традиција. Копаничарството како применета уметност, а според некои и како занает, во Македонија има милениумска традиција, што е потврдено со археолошки наоди. Во ова прекрасно издание на близу 160 страници, авторот Димитар Ќорнаков направил избор од најдобрите резби на предмети, релјефи  и верски украси.