Македонска современа фитомедицина

Македонска современа фитомедицина


150 ден 600 ден

Современа македонска фитомедицина претставува дело од единствен вид досега објавено во нашата земја. Иако фитомедицината е дел од традицијата на нашиот народ со милениму наназад, вакво современа конципирано дело одамна недостасуваше. Книгата е коципирана во две поврзани целини.

Во првиот дел дава осврт на растенијата со лековити својства кои се користат во фито медицината. Внимателно се задржува на нивните својства, место на наоѓање, собирање итн. Исто така ги опишува и нивните лековити дејства врз човековиот организам, како и нивната улога во третманот на различните заболувања.

Вториот дел е практичен со многубројни рецепти за приготвување на различните растителни помошни лековити средства како дополнителна терапија за различни заболувања.

Секое лековито растение си има свое значење, свој состав и своја лековитост. Во оваа книга застапени се растенијата што се достапни во нашето поднебје и на нашиот пазар.