Пеколот

Пеколот

Автор: Данте Алигиери

380 ден 500 ден

„Божествената комедија“ на италијанскиот писател Данте Алигиери се состои од три дела:Пеколот, Чистилиштето и Рајот. Тоа претставува средновековна визија за задгробниот живот и започнува во шумата во која Данте ќе се загуби. Потоа се појавува Вергилиј, римскиот антички поет , кој ќе го носи Данте низ пеколот и чистилиштето. Во пеколот Данте сретнува многу ликови од историјата, митологијата, филозофијата, книжевноста, Иако ги критизира гревовите и пороците, тој разговара со грешниците, сочувствува со љубовниците, ги жали некрстените, се плаши од демоните и чудовиштата, несреќен поради страдањето на кое наидува.