Македонска народна поезија и проза

Македонска народна поезија и проза

Автор: Елена Николовска

Македонската народна поезија претставува дел од богатото фолклорно наследство на нашиот народ. Тие потекнуваат од најдалечното минато и нивниот автор е непознат, а се зачувале со усно пренесување од колено на колено. Народните песни се делат на : лирски, епски и лирско - епски. И народната прозна книжевност,како и народната поезија настанала од човековиот активен однос кон светот и животот, од неговите стремежи бројните сложени природни и општествени сили да ги направи свои сојузници, да проникне во нив, да ги доближи до својот ум и да ги подреди.