Декамерон

Декамерон

Автор: Џовани Бокачо

200 ден 250 ден

„ Декамерон “ е збирка од 100 новели кои ги напишал италијанскиот автор Џовани Бокачо. Веројатно е започната 1350 г., а завршена 1353г. Тоа се средновековни алегориски стории, во облик од еротски до трагични. Иако е дело со забавен карактер, сепак тоа е историски документ и во превод значи „десет дена“. Сите приказни се поврзани во една рамка, која зборува за седум девојки и три момчиња  кои се засолнале на еден посед близу Фиренца, која во тоа време била нападната од болеста чума, и овде останале 10 дена . Секој ден, еден од нив, раскажувал една приказна. Секоја приказна е проткаена со пораката дека треба да се ужива во секој момент. Бокачо оваа збирка новели ја посветил на својата сакана Фијамета.