Книга на немирот

Книга на немирот

Автор: Фернандо Песоа

390 ден 600 ден

Рангирана во ТОП 100 на векот! Книга на немирот на Фернандо Песоа, е книга за истражување на битието, на оние негови тајни премини и коридори кои – хајдегеровски кажано – можат да бидат обзнаени само со посредство на – Јазикот.

Раскажувачот, кој на почетокот од книгата се преставува како Фернандо Песоа, раскажува за случајната средба во кафеана со еден непознат човек, со Бернардо Суареш, помошник-сметководител во Лисабон. Во Суарешовиот стан раскажувачот ќе го добие од него ракописот кој тој целиот живот го пишувал, еден вид белешки и записи кои, сепак, немаат намера да бидат автобиографија.

Песоа ја користи постапката на надворешно врамување, односно на воведување на почетокот од книгата на рамковна новела, која соопштува за средбата меѓу Песоа и Суареш; потоа следуваат белешките на Суареш, оформени како книга.