ЦАРИЦАТА КАТЕРИНА

450 ден

На залиха

Родена како вонбрачна ќерка на еден балтички селанец, преубавата Марта ќе го зароби срцето на највлијателниот човек во историјата на Русија – Петар Велики. По неговата смрт, ќе го преземе владеењето над оваа моќна земја и ќе стане првата жена на престолот на Русија.

Сиромашна, непризнаена и исклучително убава, Марта ќе ја преживее суровата руска зима во своето далечно балтичко село. Младиот владетел на Русија, царот Петар I, страсен и со железна волја има визија да го претвори традиционалното царство во модерна западна империја.

Во канџите на Големата северна војна, смртта ја демне Мартана секој чекор. Една вечер, на една прослава го сретнува Петар Велики. Потпирајќи се на својот ум и неверојатната храброст, гонета од амбицијата, желбата и волјата за живот, Марта ќе стане царица, Катерина I. Но, нејзиното искачување до врвот е преполно со опасности. Дали ќе успее да го преживее блескавиот и смртоносен царски двор на Романови, и што е уште поважно, самиот Петар? Бидејќи царската круна со себе носи опојна и лажовна моќ…

SKU: 033910
Категорија: