Девојчето што молчеше

Девојчето што молчеше

Автор: Михаел Јорт, Ханс Розенфелт

Артиклот моментално го нема на залиха.
390 ден

Кога во едно мало, прекрасно гратче во Торсби, Шведска ќе се случи брутално убиство на две деца и нивните родители - Себастијан Бергман,психолог и криминолошки профилер од Националниот оддел за убиства е единствениот кој може да ја реши мистеријата. Сепак, овој неприкосновен стручњак и член на „Риксморд“ тимот, ќе се најде во ќорсокак бидејќи нема осомничени.Но, ќе открие дека постои еден сведок: девојчето Никол, роднина на починатите деца, кое видело што се случило, но побегнало, стравувајќи за својот живот.Исчезната е веќе три дена, а трагите водат во шумата позади куќата. И убиецот и полицијата ќе направат се* за да ја пронајдат, тргнувајќи секој од својата цел. Полицијата е свесна дека мора да ја пронајде пред да биде предоцна, и затоа бара помош од јавноста. Но, тоа е меч со две острици. Трката со времето започна...

Трилер каков досега не сте прочитале, интригантен и загадочен до последната страница.