Исчезнатата

Исчезнатата

Автор: Тес Геритсен

Артиклот моментално го нема на залиха.
390 ден

Доктор Мора Ајлс е врвен Бостонски медицински патолог. Еден ден во нејзината болница ќе донесат почината жена.Откако Мора ќе ја отвори вреќата за да направи аутопсија на телото, мртвата жена ги отвора очите. Таа воскреснува, сета исплашена и збунета. Докторката наредува веднаш да се префрли во болница и да ја добие потребната натамошна нега. Но,жената во болницата го убива работникот од обезбедувањето и зема заложници, од кои една е бремена, детективката Џејн Рицоли, која само што не се породила. 

Мила, е црвенокоса девојка од Белорусија дојдена во Мексико.Измамена, таа е внесена во шема со проституција. Нејзината приказна е тажна и од ние кои ви го кршат срцето. Заедно со неколку други девојки донесена е во Америка каде што ја чуваат во куќа со решетки на прозорците.Нејзината судбина се лизга надолу, од миг во миг. И додека напнатите часови изминуваат, доктор Мора заедно со сопругот на Џејн, агентот на ФБИ, Габриел Дин, се обидува да го открие идентитетот на убиецот. Овој случај е многу посложен од обичното заложништво, а Џејн е единствената која ги држи клучевите на мистеријата...ако ја преживее ноќта.

Сите овие три жени се заглавени во опасна ситуација. Но која е оваа насилна, очајна душа и што навистина сака таа откријте во овој несекојдневен, напнат, воодушевувачки трилер.