Ноќта кога дојдоа сватовите

Ноќта кога дојдоа сватовите

Автор: Јелена Бачиќ Алипмиќ

330 ден 380 ден

Ова е првата книга од амбициозната трилогија КАЗНА ЗА ГРЕВОТ , исклучително емотивен роман проткаен со кревките остатоци од човечката болка и слабост, од јалови желби, лаги и неискажани тајни. Суптилно ни раскажува за едно одамна минато време и за забранетата врска меѓу двајца млади кои се борат за својата љубов. Тајната на една млада девојка засекогаш ќе ги смени судбините на две семејства – аристократско и сиромашно. Михајло, син на властелин и Емилија, ќерка на ковач. Нивното пријателство прераснува во силна , страсна љубов што им се спротивставува на општествените норми и сталешките принципи.