# Бакнежи на небото

*https://matica.com.mk/product/baknezhi-na-neboto/*

**Price:** 350 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 038256

Најубавите мигови од детството ги поминуваме во студените зимски ноќи, стуткани во ќебенце, со мече во рака или со омилената сликовница, во исчекување на првиот снег, со блеснати очиња и растреперени срца. Илјада прашања имаат децата во тие моменти. Па уште ако имаат и постара сестричка или братче расположени за одговори и за откривање на тајни – е, тогаш се случува магија. Цела ноќ можат да си раскажуваат.

Ама добро, навистина, па како се родила зимата? Кој за знае таа тајна?!

Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов.
