# Богатството на волшебниот принц

*https://matica.com.mk/product/bogatstvoto-na-volshebniot-prints/*

**Price:** 450 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039780

Исклучителна дело, вистинско освежување во современата фантастика, во коешто авторот го вади легендарниот јунак, принцот Харап-Алб од класичната романска бајка и го фрла директно во хаосот на модерниот Букурешт.
Приказната следи неколку деца кои случајно го среќаваат принцот и сите заедно тргнуваат во динамична и возбудлива авантура низ градот за да го заштитат скриеното богатство од лукавиот и модернизиран негативец – Ќосиот.

Но ова секако не е само детска авантура, туку и топла приказна за созревањето, тешките избори и пријателството. Судирот меѓу логиката на старите бајки и модерниот град и обидот на средновековниот јунак да се снајде со технологијата и градскиот живот, создава магични, забавни и смешни ситуации и гради возбудлив свет кој е интересен и за децата и за возрасните.
