# Борнова санкција

*https://matica.com.mk/product/bornova-sanktsija/*

**Price:** 500 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 030403

Џејсон Борн се враќа на Универзитетот Џорџтаун како Дејвид Веб и се надева на нормален живот. Меѓутоа, после многу години исполнети со авантури и опасности, мирниот живот на професорот по лингвистика набргу ќе му здодее. Свесен за маките на Борн, неговиот ментор го моли за помош во истрагата за убиството на негов некогашен студент, кој страдал во терористичка акција. Меѓутоа, на системот на Централната разузнавачка служба, во меѓувреме се појавила вест за дотогаш непозната организација, позната како Црна легија и за нејзиниот план, во наредните десетина дена да изврши голем напад во Соединетите Држави. Додека новата директорка на Централната разузнавачка, Вероника Харт, се бори да го задржи својот авторитет, неколку агенти од Агенцијата планираат да го направат она што дотогаш никој не успеал да го направи – да го фати и убие Џејсон Борн.

Не знаејќи, Борн ќе биде вовлечен во една од најзамрсените и најсмртоносните операции во својот живот.
