# Борново предаство

*https://matica.com.mk/product/bornovo-predastvo/*

**Price:** 500 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 030402

Џејсон Борн веќе загуби сè, кога дознава дека неговиот единствен пријател на светот, Мартин Линдрос – исчезнал. Линдрос, заменик-директор за специјални операции на Централната разузнавачка служба, се наоѓал во Етиопија и истражувал сомнителни испораки на ураниум и оружје за масовно уништување. Линдрос останал последната врска со она што Борн некогаш бил и тој не е подготвен да се откаже од него. Занемарувајќи ја својата омраза кон Агенцијата, Борн тргнува во погибелна акција на спасување која ќе го доведе во самото срце на опасна терористичка мрежа. Меѓутоа, не е свесен за тоа дека овие луѓе, радикални исламисти, всушност се водачи на неверојатно организирана, технолошки напредна група која се протега од Африка, преку Блискиот Исток, па сè до Источна Европа и Русија. Го предвиделе секој Борнов потег, а тој несвесно ќе стане пион во нивните планови да ја уништат Америка.
