# Брида

*https://matica.com.mk/product/brida/*

**Price:** 380 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 003311

Кога некој ќе го најде својот пат, не смее да се плаши. Мора да биде доволно храбар да прави и погрешни чекори. Разочарувањата, поразите и губењето на волјата се орудија што Бог ги користи за да ни го покаже патот.

Ова е приказна за *Брида*, млада и убава Ирка, и за нејзината потрага по спознанието на светот. На тоа духовно патување, таа ги запознава мудрецот што ја учи како да ги совлада своите стравови и жената што ја учи да танцува наслушувајќи ја скриената музика на светот. Тие ја препознаваат дарбата на *Брида*, но мораат да ја остават сама да дојде до крајот, до откритието. Додека трага по својата судбина, *Брида* се обидува, со многу тешкотии, да најде рамнотежа меѓу љубовта и желбата да се промени.

*Брида* е трогателна приказна за љубовта, за мистериите и храброста, за духовната страна на еросот и еротичната страна на духовноста.
