# На чет со Чет Џи Пи Ти

*https://matica.com.mk/product/chet-tsi-pi-ti/*

**Price:** 300 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039724

„Ина се градеше себеси долго. Многу време читаше и вежбаше пишување пред да објави што било. Но откако почна да објавува, не застана. Скромно се држеше однадвор, ама така ѝ беше мило кога некој ја чита, неописливо чувство ѝ беше тоа. Беше суетна како и секој автор. Длабоко веруваше дека убаво пишува и дека нејзините приказни им значат на оние кои ја читаат… Полека си го направи својот филм дека може да пишува, издаваше брзо, една по една приказна за секакви нешта, важни, неважни, споредни, леви и десни и слично. По претходно раскажаните настани Ина го одбра следново сè уште необичаено парче. Не знам сега од каде и е ова парче, драфт е очигледно, но му го даде на Чет џи пи ти за да види дали тој има нешто да каже.“
