# Четирите светлини на Новата година

*https://matica.com.mk/product/chetirite-svetlini-na-novata-godina/*

**Price:** 630 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039908

На последната ноќ од годината, четири светлини исчезнуваат од новогодишната ѕвезда.

Ако не се вратат пред полноќ, патиштата ќе заборават каде водат, а буквите ќе заборават како стануваат зборови. Ќе успее ли Новата година да го најде патот до секој дом?

Илина, Риско и едно совршено празно кутиче тргнуваат низ снежна Македонија. Ги чекаат камењата на Кокино, мозаиците на Стоби, буквите во Охрид и еден храбар чекор во Крушево.

Но најважната светлина нема да ја најдат на ниту една карта. Неа можат само да ја создадат.

Новогодишна книжевна авантура со дванаесет разиграни мисии, карта и простор за твоите откритија.

За деца од 3 до 10 години: за заедничко читање, а со растењето и за самостојно истражување.
