# Далечината меѓу нас

*https://matica.com.mk/product/dalechinata-megju-nas/*

**Price:** 350 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 028203

„Незаборавна приказна за семејството и како тоа нè прави такви какви што сме.“ – The Times

Едно студено февруарско попладне, Стела здогледува човек кој ѝ доаѓа во пресрет по лондонската улица. Со години не го видела неговото лице, но во истиот миг го препознава. Или барем мисли дека го препознала…

*Далечината меѓу нас* е роман за паралелните животи, за загубените идентитети, за врските меѓу сестрите и тајните моќи на минатото. Пред сè, ова е љубовна приказна за двајца луѓе кои никогаш не се сретнале. Привлечна, прониклива и вешта, ова е најдобрата книга на Меги О’Фарел до сега.
