# Еден плус еден

*https://matica.com.mk/product/eden-plus-eden/*

**Price:** 450 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 029790

Да претпоставиме дека вашиот живот не е во ред. И тоа многу. Вашиот сопруг е исчезнат, тинејџерот посинок тврди дека е малтретиран, а вашата ќерка која е фрик за математика ѝ се пружа животна шанса која вие не можете да си ја дозволите. Тоа е судбината на Џес.

Но, неочекуваниот витез во сјаен оклоп ќе ѝ понуди спас. Само што витезот на Џес е чудниот Ед, неподнослив милионер, чиј дом таа го чисти. Тој ќе понуди да го одвезе ова дисфункционално семејство на математичка олимпијада.

Тоа е првиот, а можеби и последниот, несебичен чин во неговиот живот.

*Еден плус еден* на авторката Џоџо Мојес е еден од нејзините најдобри романи, тој е феноменален. Ќе се смееш, ќе плачеш, одвај ќе ја дочекаш последната страница. Кога ќе го завршиш ќе посакаш повторно да го прочиташ.
