ЃАВОЛОТ ДОЈДЕ ПО СВОЕТО-МАТИЦА

315 ден450 ден

На залиха

ЕДНА ДЕВОЈКА Е УБИЕНА. ДРУГА ИСЧЕЗНАЛА.ФЛОРА ХАНСЕН ТВРДИ ДЕКА ВИДЕЛА `СЕ. ИНСПЕКТОРОТ ЈОНА ЛИНА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ДА `И ВЕРУВА…

Во домот за проблематични тинејџерки во северниот дел на Стокхолм брутално е убиена штитеничката, Миранда. Истата ноќ исчезнува и друга девојка, Вики и бегајќи, краде автомобил во кој се наоѓа четиригодишно машко дете. Во решавањето на случајот се вклучува инспекторот Јона Лина и на сите начини се обидува да ја најде Вики и да спречи уште поголема трагедија. Меѓутоа, истрагата на едно од најлошите и најсложени злосторства во неговата кариера ќе го одведе во мрачната страна на реалноста, до шокантна средба со духовите од сопственото минато.

Флора видела `се, но никој не `и верува. Флора не знае кој е убиецот, но знае дека видела девојка и оружјето со кое е извршено убиството. Никој не успева да го најде. Полицијата не `и верува од едноставна причина: во моментот кога се случило злосторството, таа била многу километри подалеку. Сепак, Флора е сигурна дека е во право. Затоа што таа е медиум.

Book Author