# Гласот во твојата глава

*https://matica.com.mk/product/glasot-vo-tvojata-glava/*

**Price:** 299 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039258

Во секој од нас постои глас кој никогаш не замолчува. Тој не ти дозволува да спиеш, не ти дозволува да сонуваш, не ти дозволува да веруваш. Тој е твојот најголем критичар, безмилосен судија, сенка што никогаш не заминува. Те учи дека не заслужуваш љубов, дека секој обид за успех ќе заврши со пораз, дека секоја среќа е само илузија. Те убедува дека твоите грешки се твојата единствена вистина, а твоите стравови се единствената иднина. Колку повеќе се обидуваш да го игнорираш, толку погласно ти шепоти. Понекогаш се крие зад зборови како разум и реалност, понекогаш носи маска на грижа и заштита. Но секогаш е во тебе – истоштувачки, упорен, безмилосен.

Оваа книга е автобиографијата на тој глас, сведоштво за неговите лаги и измами, за неговата разорна моќ.
Но истовремено, таа е и огледало за тебе. Приказна што ќе те натера да се соочиш со сопствените мисли и со можноста конечно да го препознаеш, да го разоткриеш и да побегнеш од неговиот мрак.
